Домашната кино-сцена во рамките на програмата на Кинотека за месец мај е претставена и преку ретроспективна проекција на кратки форми. Филмофилите ќе бидат во можност повторно да ги видат филмовите потпишани од етаблираните дејци Кочо Недков, Дарко Марковиќ, а ќе биде прикажан и краткиот филм ВЛАКНА, по сценарио и во режија на Елеонора Венинова.

14 МАЈ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
МАКЕДОНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

ДУПЧАЧИ
(Miners)
Краток игран филм, Македонија
1978, 11 мин, 35мм
Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov)
Сценарио: Недков Кочо (Koco Nedkov)

Во постојаната и сурова борба на човекот да ја совлада природата, тој ќе започне со уништување на својот најголем сојузник. Автентична приказна за една помалку позната професија која започнува онаму каде што завршува асфалтот. Во планински амбиент, кој го украсуваат разновидни растенија и каде што живеат многубројни инсекти, птици и животни, доаѓа човекот, за да внесе немир и од дамнина скротената утроба на земјата и исконскиот мир во природата го нарушува со татнежот на експлозивот и ревот на машините.

КОЈ Е ВИНОВЕН?
(Who is guilty?)
Краток документарен филм, Македонија
1962, 8 мин, 35мм
Режија: Недков Кочо (Koco Nedkov)
Сценарио: Билбиловски Киро, Недков Кочо (Kiro Bilbilovski, Koco Nedkov)

КОЈ Е ВИНОВЕН, во режија на домашниот филмски работник Кочо Недков, е во самата своја суштина пропаганден филм. Своевиден обид да се евидентираат причините што доведуваат до сообраќајни несреќи во условите на сè погустиот сообраќај

ЛИФТ ГОРЕ, ЛИФТ ДОЛУ
(Elevator up, elevator down)
Краток игран филм, Македонија
1967, 14 мин, 35мм
Режија: Наумовски Душан (Dusan Naumovski)
Сценарио: Георгиевски Ташко (Tasko Georgievski)
Главна улога: Дамески Дарко (Darko Dameski)

Група деца наоѓаат простор за игра помеѓу недоизградени станбени куќи и цигланата, градејќи свој свет во неисцрпните можности што ги нуди нивната фантазија. Нивната игра, радоста и смеата, му пречат на чуварот на градилиштето, а тоа значи и крај на играта.

РАКА
(Hand)
Краток Анимиран филм, Македонија
1980, 11 мин, 35мм
Режија: Марковиќ Дарко (Darko Markovic)
Сценарио: Марковиќ Дарко (Darko Markovic)

Преку дланката метафорично е претставена судбинската животна енергија, која низ животот го води човекот. Со згаснувањето на животот на раката, престанува и човековото битисување. За да не дојде до тоа, потребни се извонредна храброст, самостојност и животен полет.

Награди: 1980 ФЈДКФ, Белград, „Голем златен медал Белград“ за режија на анимиран филм

ВЛАКНА
(Vlakna)
Краток игран филм, Македонија
2013, 26 мин, ДЦП
Режија: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Сценарио: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Улоги: Ирена Ристиќ, Бојан Зировиќ, Марија Арсенкова (Irena Ristic Bojan Zirovic Marija Arsenkova)

Детективката Вели го истражува убиството на малото девојче со едно влакно како клучен доказ и место на злосторство што ја тера да го преиспита сопствениот разум и начин на живот.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.