Легендарната холивудска актерка Лајза Минели по долго време била видена во јавноста, и тоа пред ресторан во Западен Холивуд, во друштво на актерот Џорџ Хамилтон. Најновите папарацо фотографии од актерката ги натажија луѓето ширум светот кои се загрижени поради нејзиното здравје.

76-годишната Лајза, најпозната по улогата во филмот „Кабаре“ од 1972 година, била забележана како си оди од ресторанот во инвалидска количка, додека непознат маж ја придржувал и ѝ помагал да влезе во автомобилот.

Покрај неа била и 82-годишната ѕвезда од серијата „Dinastia“ Џорџ, кој ја причекал актерката удобно да се смести во автомобилот пред да се поздрави со неа.

Лајза е родена на 12 март 1946 година како ќерка на актерката Џуси Гарланд и филмскиот режисер Винсент Минели, а на сцена првпат настапила на само три години.

Моите родители беа мои родители. Не знаев дека морам да избегнувам прашања за мајка ми сè додека луѓето не почнаа да ме испрашуваат сешто за неа. Го прашав татко ми што да правам, а тој кажа: Биди што подобра од тоа што си.  Мајка ми се налути, таа беше таа која им се лутеше на луѓето затоа што ми поставуваа прашања за неа, изјавила актерката во една прилика.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.