Документарниот филм „Молк на разумот“ на македонската режисерка Кумјана Новакова доби Награда за човекови права на 29. Филмски фестивал во Сараево што заврши синоќа. Филмот е копродукција меѓу Македонија и БиХ, и содржи сведоштва и видеоматеријали од фоензичките архиви за претрпеното насилство и тортурата на жените кои во војната во Босна и Херцеговина поминале низ камповите за силување во Фоча.

Ова е втор долгометражен документарец на Новакова, по наградуваниот „Вознемирена земја“ во 2021.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.