Краткиот игран филм Дали си маж по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на една од најголемите светски онлајн платформи HBO MAX.

Ова е голем успех за продукцијата Минимал колектив, за актерите и екипата и уште еден подвиг
на македонската кинематографија. Сите љубители на кратката форма на филмови во 21 земја во Европа, вклучувајќи ја и македонската публика, ќе можат да го погледнат филмот од 1 јануари 2024 на програмите на европскиот сервис на HBO Max.

Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска.
Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа.
Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на Минимал колектив Скопје и Сет Сеил Филмс од Белград. Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во Париз.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.Македонија и Филмски центар Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.