Ќерката на Брус Вилис (68), Талула Вилис (29), во средата гостуваше во „Шоуто на Дру Баримор“, каде зборуваше за актерот кој се бори со фронтотемпорална деменција и откри каква е неговата моментална состојба.

– Тој е истиот, што мислам дека е најдоброто нешто што можеме да го побараме – рече Талула.

– Гледам љубов кога сум со него, тој ми е татко и ме сака, што е навистина посебно – додаде таа.

24sata

Откако на актерот му била дијагностицирана тешка болест, неговото семејство често зборува за тоа и за состојбата на актерот. Според Талула, нивната цел е да ги освестат другите за деменцијата.

– Од една страна тоа сме ние како семејство, но во исто време ни е многу важно да ја шириме свеста за ФТД. Ако можеме да преземеме нешто со кое се бориме како семејство и индивидуално за да им помогнеме на луѓето, да го свртиме и да направиме нешто убаво околу тоа е многу посебно за нас – рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.