Актерката Кејт Винслет има одиграно улоги во бројни филмови, а за своите ангажмани има добиено и многу награди. Филмот „The Reader“ од 2008 година ѝ го донесе Оскарот, а Кејт во една емисија откри дека оваа награда ја чува во тоалет.

Ова изненади многумина, а таа ја објасни и причината за оваа необична одлука.

Тоа е идеално место за Оскарите затоа што секој, кога ќе дојде да се олесни или измие раце, навистина може да одвои онолку време колку што му треба, дури и да одржи говор пред огледалото во кое ја држи статуата рекла таа во емисијата „The Graham Norton Show“.

„Секогаш можам да погодам кога ќе го направат тоа, бидејќи кога ќе пуштат вода по извршената нужда, остануваат уште неколку минути. Тогаш знам дека си играат со наградата. Потоа излегуваат сериозни како ништо да не се случило, а јас ги прашувам: „Каков беше Оскарот?, додала таа и открила како тогаш реагирале нејзините гости.

Толку е тежок, ми одговараат. Премногу е смешно, истакнала Винслет во споменатата емисија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.