Познатиот актер Жарко Лаушевиќ плашејќи се за својот и за животот на својот брат, со девет истрели пред 30 години ги уби Драгор Пејовиќ и Радован Вучиниќ во кафуле во Подгорица.

Ноќта меѓу 30 и 31 јули 1993 година, три семејства беа завиени во црно. Веќе во тоа време познатиот актер Жарко Лаушевиќ со истрели од пиштол ги уби Драгор Пејовиќ (20) и Радован Вучиниќ (21), а во кафулето „Епл“ во Подгорица го рани Андрија Кажиќ (24). Плашејќи се за својот живот, испукал цел шаржер од девет куршуми.

Овој трагичен настан потсети на серијата „Пад“, која моментално се прикажува, а е работена според книгата на Лаушевиќ „Година минува денот никогаш“. Жарко во серијата го игра актерот Милан Мариќ.

Двојното убиство сè уште е проследено со бројни контроверзии, а судењето привлече огромно внимание во јавноста.

Жарко Лаушевиќ, кој и денеска не може да си го прости двојното убиство, на почетокот на судењето зборуваше:

Застанавме во едно кафуле, каде што, кога нарачавме оброк, ја прашав келнерката: „Каква гужва е ова“ затоа што слушав некоја врева. Еден млад човек кој седеше на ѕидот од кафулето праша: „Што е работата, момче? Реков: „Ништо, се е во ред“, и овој дијалог се повтори, втор, па трет пат. Не направив ништо што би можело да предизвика тепачка. Пријде друг тип, а јас бев удрен. Ме туркаа, влечеа, ме удираа… За момент изгубив свест. Се, проценувам, се случи најмногу за половина минута, се сеќавам само на делови од настанот затоа што се ми беше збркано во главата. Чувствував дека чантата, која во последно време секогаш ја носев преку моето рамо, а во која имаше пиштол, ми се лизга. Успеав да го извадам оружјето, но нападот не престана. Пукав, не знам колку пати. Имав ужасно чувство на страв, мислев дека ми испаднаа контактните леќи. Потоа го видов брат ми како лежи на два метри од мене и другиот човек над него, кој постојано го удира со нешто во главата – раскажа актерот.

Лаушевиќ во Црна Гора во 1994 година беше осуден на 15 години за пречекорување на потребната одбрана. Казната му беше намалена на 13 години во 1996 година, а на четири години следната година. Одлежа четири и пол години во затворите во Пожаревац и Спуж, а кога бил ослободен во 1998 година, во страв од крвна одмазда се преселил во Америка.
– Врховниот суд на Црна Гора ја укина последната пресуда и во 2001 година повторно го осуди на 13 години. Се бараше до 2009 година, а две години подоцна беше помилуван од тогашниот претседател на Србија, Борис Тадиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.