Јутјуб го избриша филмот „Украина во пламен“ кој во 2016 година го сними легендарниот американски режисер Оливер Стоун. Во филмот, Стоун се осврна на Мајдан револуцијата од 2014 година, и го прикажа порастот на национализмот во Украина, вклучително и појавата на нео-нацистички движења.

Филмот е осврт на историјата на Русија од козачките атамани, Октомвриската револуција и освојувањето на дел од денешна Украина од Австријите, Унгарците и потоа Пољаците, Втората Светска Војна, па се до актуелните настани. За периодот на Мајдан револуцијата, филмот критички известува за американското мешање во Украина и обидите да именуваат лојални политичари на власт. За потребите на филмот, Стоун го интервјуираше и рускиот претседател Владимир Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.