Филмот “Так-так” е готова е добитник на главната награда на публиката на Интернационалниот филмски фестивал во Струга.

Краткометражниот филм на Јане Алтипармаков беше селектиран и прикажан на годинашното издание на филмискиот фестивал Дрим шорт во Струга. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сања Арсовска и Даријан Петров.

Филмот е во продукција на РеалФилм, а во копродукција на Машина Продакшн.

Досега е прикажан на неколку фестивали кај нас и во светот, а добитник е на почесно признание од Cinematic European Film Festival..

Осмото издание на „Дрим шорт фестивал“ се одржа под мотото „Бесконечна слобода“, а програмата беше распределена во четири фестивалски денови со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, а во селекција на режисерот Иван Бакрач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.