Синоќа со промоција на монографијата на Никица Гилиќ „Predavanja o filmskom modernizmu“ (2024) во издание на Leykam International, Zagreb, Croatia заврши фестивалот на анимиран филм „Флипбук филм фестивал“
Новата авторска книга на професорот по филмологија и книжевен компаративист Никица Гилиќ, „Predavanja o filmskom modernizmu“, донесува фундаментални размислувања за филмскиот модернизам, типологијата на модернистичките филмови и анализи на одредени репрезентативни дела и опуси на играни, експериментални, анимирани и документарни филмови – од зрелите достигнувања на Томислав Готовац, преку загрепската школа за анимиран филм и авторски филмски класици – до Карл Тодор Драјер, Роберт Бресон, „Безбедно место“ на Јурје Леротиќ и филмовите на Стенли Кјубрик, браќата Коен, Дамир Чучиќ, Маја Дерен и други современи хрватски аниматори.
Целта на оваа монографија е да ги доближи модернизмот и постмодернизмот до филмските љубители, поради што авторот користи примери од делата на избраните автори, велат организаторите.
Книгата ја промовираа професор Александар Прокопиев и Жарко Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.