На овогодинешното издание на Фестивалот кое започнува денес, 08.08 (четврток) во Кинотека на Македонија и ќе трае до 11 август, ќе бидат прикажани повеќе од 100 анимирани филмови во неколку категории. Освен проекциите на филмови и работилниците за производство на краток анимиран филм и флип бук, за време на четирите фестивалски денови ќе бидат промовирани и четири книги, две од нив проследени со изложби.

Филмовите се поделени во четири натпреварувачки селекции: главна, студентска, селекција на анимиран докуметарец и на анимирани музички видеа. Филмовите кои не влегоа во натпреварувачките селекции, а се подеднакво квалитетни и одговараат на критериумите на фестивалот, ќе бидат прикажани во европската панорама. Во главната селекција ќе бидат прикажани наградените филмови од светските филмски фестивали од изминатата година.

Флипбук Филм Фестивал е создаден од четири автори на анимиран филм: Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Владимир Лукаш и Иван Ивановски, со идеја на домашната публика да ѝ го претстават најдоброто од европскиот авторски анимиран филм, нешто што не може да биде видено на интернет, телевизија или на редовен кино репертоар.

Целата програма тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.