Филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, синоќа во киното „Мирно лето“ во Кинотека го отвори 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“.  

Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“,  претставува портрет на Сантана  и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот.

Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа на Вудсток во 1969 година. Неговиот уникатен звук и импровизирачки стил веќе половина век ги трансцендираат границите.

До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во киносалата на Кинотеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.