Oсмото издание на Меѓународниот филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности „Богородичен Покров“ завршува денеска со рускиот документарен филм „Боже! Го чувствувам твоето доаѓање” посветен на режисерот Андреј Тарковски,(https://youtu.be/2rGfUqNBhmA) во 21 часот. Сценариото се состои од неговиот необјавен дневник и интервјуа и е илустриран со неговите филмови.

Од 25 ноември во рамките на фестивалот беа прикажани документарните филмови „Свети Јаков Тумански“, „Оган за Благодатниот оган од Ерусалим“, “Приказни од Атос“, „Илјада години историја на Света Гора и Хиландарскиот имот“, „Манастир Сурпателе“, „Ембрион на ренесансата“, „Свети Јован Шангајски“ и „Мајка Храброст – Живот за Никола“.

Дел од програмата беа и постхумно интервју на почесниот претседател на Фестивалот, протојереј –ставрофор, проф. д-р Јован Таковски, посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена каде што тој лично бил сведок. како и портрет на Гордана Драгиќ, д-р по вибрациона медицина „Знаењето е здравје“.

Мисијата на Фестивалот основан во 2016 година е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност.

„Богородичен покров“ е единствен фестивал од ваков жанр во државава, а се одржува со благослов на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во организација на скопската продукциска куќа Топ Ворлд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.