Брус Вилис неодамна ги шокира фановите со најавата на своето пензионирање, нешто што не беше изненадување за оние кои работат со легендата на акционите филмови. Тешката одлука да се повлече од сцената Вилис ја донел откако му била дијагностицирана болеста афазија, а неодамнешните фотографии на кои си игра со ќерката разнежни многумина и ги доведе до солзи.

Вилис изгеда како многу се забавува во видео објавено како приказна на Инстаграм од неговата сопруга Ема Хеминг, на кое се гледа како 67-годишниот актер се држи за рака со својата ќерка Евелин (8), додека таа вежба возење ролери во нивната гаража.

Во трогателно видео, Евелин, која го прослави својот осми роденден во четвртокот, се обидува да одржува рамнотежа додека нејзиниот татко ја чува.

Легендарниот актер од филмовите „Умри машки“, кому хуморот не му е непознат, одлучи да танцува додека цврсто ја држеше својата мала за рака. И покрај неговата неодамна дијагностицирана болест, таткото на пет деца во видеото се чини дека е во форма, исто како што го паметиме од екранот.

Ема, сопругата на Брус Вилис, често ги споделува нивните семејни моменти, што на фановите им дава одредено чувство на смиреност, но и буди нежни и трогателни чувства, бидејќи никој не очекуваше дека ќе треба на овој начин да се збогува со глумата на филмскиот херој.

Афазијата е стекната загуба или нарушување на говорот, говорното изразување или разбирањето и е предизвикана од оштетување на мозокот, односно говорниот центар. Експертите велат дека најчесто се дијагностицира кај возрасни кои доживеале мозочен удар, но може да биде последица и на тумори на мозокот, инфекции, повреди на главата или разни облици на деменција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.