Филм за човек кој се обидува да се пронајде во чувствителен период во Германија, помеѓу две светски војни, приказна за љубовта, стравот, препреките, за звуците на претстојното владеење на Хитлер – продукцијата „Фабијан: За крајот на светот“ од денеска е достапен за публиката на големото платно . Премиерно беше прикажан на Берлинскиот филмски фестивал минатата година, каде беше номиниран во категоријата најдобар филм.
Берлин, 1930. Доктор Јакоб Фабијан дење рекламира цигари, додека ноќе талка по улиците на градот и се заљубува во актерка. Како што таа напредува во кариерата, неговите планови се повеќе и повеќе се распаѓаат.
Филмските критичари од магазинот IndieWire немаат ништо друго освен пофални зборови за режисерот: „Граф го направи филмот „Крајот на светот“ непредвидливо визуелно искуство со кое експериментира, а режисерот иако има 68 години, воопшто не е без енергија и идеи“.

Тој ги става своите филмски херои – млади германски интелектуалци и нивните судбини во поширок контекст на состојбата на општеството непосредно пред Хитлер и неговите националсоцијалисти да дојдат на власт. Корнелија е единствениот зрак на надеж во распадното постоење на Фабијан. Неговата фатална љубов ја попречуваат „повисоките сили“, но и празен фрижидер и скршен сон за среќа.

Режисерот Доминик Граф е познат по многу филмови, меѓу кои и „Возљубени сестри“, додека во улогата на главниот лик Џејкоб Фабијан, германски актер кој последниве години добива награди на германски филмски фестивали – Том Шилинг, познат на публиката по неговите улоги во филмовите: „Никогаш не гледај настрана“, „Дело без автор“. Предвоената драма на Доминик Граф од денес може да се види во градското кино Синеплекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.