Џони Деп ја доби првата улога по судскиот процес за домашно насилство против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, што заврши со пресуда во корист на Деп.

Проектот со работен наслов „Жана ди Бари“ е во претпродукција.

Станува збор за филм на „Нетфликс“, а Деп ќе го глуми францускиот крал Луј Петнаесетти, кој владеел во 18. век. Во филмот ќе глумат и француската актерка Мајвен ле Беско (во насловната улога на Жана ди Бари – последната „официјална љубовница“ на кралот), како и Пјер Ришар и Ноеми Лвовски.

Мајвен ле Беско ќе биде и режисерка на филмот.

„Нетфликс“ го лиценцира филмот за Франција, каде што и ќе се одвива снимањето. Според „Блумберг“, таа финансиска поддршка ќе помогне во финансирањето на продукцијата, но „Нетфликс“ не е вклучен во ништо друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.