Одлучивме дека нема повеќе да чекаме, ако владата не сака да ни даде одговор. Очекувам студиото да биде или во Кисела вода или можеби во Карпош, вели Брнс, соосновач на проектот за филмски студија „Стоун бриџ“ што актерот Џон Малкович ги најави пред една година, објави „VoiceofAmerica“ на македонски јазик.
Решена да го реализира проектот со филмски студија и таканаречениот Технолошки парк во Скопје е групацијата „STP Capital Partners“ во која се обединети инвеститори од САД, од Балканот, како и американски филмски имиња, меѓу кои е и светската филмска ѕвезда Џон Малкович.
Тоа, во разговор за Гласот на Америка го истакна Ерик Брнс, еден од носителите на проектот за филмските студија, кои се најавени под името „Стоун бриџ“.
„Сакаме да го направиме овој проект, без оглед на сè. Но, сакаме да го направиме овде, во Македонија.Тоа ни е битно, поради сите причини што ги наведов.И навистина, сега одиме напред со проектот, па дури и без статус на стратешка инвестиција.Одлучивме дека нема повеќе да чекаме,ако владата не сака да ни даде одговор.Се надевам дека ќе ни одговорат и дека ќе речат „да“.Доаѓаме во мир, сакаме ова да успее за сите“, вели Брнс.
Повеќе на mk.voanews.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.