Анимираниот филм наречен „Агент Елвис“, во кој главниот лик е Елвис Присли, ќе пристигне на Нетфликс во март оваа година.
Познатиот актер Метју Меконахи му го позајмува гласот на кралот на рокенролот.
„Елвис Присли го менува својот комбинезон за „џет пек“ кога ќе биде примен во тајна владина шпионска програма за борба против мрачните сили кои и се закануваат на земјата што ја сака, а сето тоа додека ја извршува својата дневна работа како крал на рокенролот“, се раскажува во дневникот на серијата, наведува Variety.
Цртаниот филм „Агент Елвис“ е создаден заедно од Присила Присли и Џон Еди.
„Од времето кога Елвис беше момче, тој секогаш сонуваше да биде суперхерој кој се бори против криминалот и го спасува светот. Агентот Кинг му дозволува токму тоа“, изјави Присила Присли, пренесува NME.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.