3 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ЕДНО УБАВО УТРО
(Un Beau Matin)
Игран филм, Шведска / Франција
2022, 112 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио Миа Хансен-Лав (Mia Hansen-Løve)
Улоги Леа Сејду, Паскал Грегори, Мелвил Пупо, Никол Гарсиа (Léa Seydoux, Pascal Greggory, Melvil Poupaud, Nicole Garcia)

Сандра Кинзлер е млада вдовица, која живее во Париз со нејзината осумгодишна ќерка, а работи како преведувачка. Постојано се грижи за нејзиниот татко кој боледува од прогресивна форма на невродегенеративна болест наречена Бенсонов синдром. Едно утро, во паркот во нејзиниот реон, таа го среќава Клемент, пријател на нејзиниот починат сопруг. Двајцата започнуваат романтична врска. Сандра се наоѓа на крстопат – дали да се предаде на љубовната релација со женет човек, или целосно да се посвети на грижата за нејзиниот болен татко. Филмот е добитник на награда од престижниот филмски фестивал во Кан – Europa Cinemas Label Award.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари

 

3 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ
(Les Amandiers / Forever Young)
Игран филм, Франција / Италија
2022, 126 мин., колор, ДЦП
Режија: Валерија Бруни Тедески (Valeria Bruni Tedeschi)
Сценарио: Валерија Бруни Тедески, Каролин Деруа-Гарел, Ноеми Лавовски (Valeria Bruni Tedeschi, Caroline Deruas-Garrel, Noémie Lvovsky)
Улоги: Надја Терескиевич, Софијан Бенасе, Луј Гарел, Миша Лескот, Ноам Еџ, Василиј Шнајдер (Nadia Tereszkiewicz, Sofiane Bennacer, Louis Garrel, Micha Lescot, Noham Edje, Vassili Schneider)

Дејствието на филмот се случува кон крајот на 1980-тите години во Париз. Стела, Виктор, Адел и Етјен се млади студенти по актерска игра, штотуку примени во Les Amandiers (буквален превод: „Стебла со бадеми“), престижно театарско училиште основано од Патрис Шеро, еден од најмаркантните француски режисери на преминот на двата века. На новиот животен пат тие ќе учат, ќе сакаат, ќе се плашат, ќе го живеат животот во целост и ќе ги доживеат своите први трагедии… Сторијата на филмот има автобиографски елементи од животот на Тедески, која студирала на истата академија под менторство на Шеро во 1980-те, а еден од нејзините колеги е актерот Винсент Перез.
Во филмографијата на Валерија Бруни Тедески (1964), италијанско-француска актерка, сценаристка и режисерка, досега се запишани деведесетина наслови и триесетина номинации и награди на светските филмски фестивали, меѓу кои и националната награда на француската кинематографија „Цезар“. Режисерка е на 6 филмови, за АКТЕРКИ (Actrices / Actresses) ја доби Специјалната награда на жирито на програмата „Извесен поглед“ на Канскиот фестивал во 2007 година. Со ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ Тедески беше дел од натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, забележа десетина номинации за награди, а Надја Терескиевич ја доби наградата за најталентирана актерка на годишното доделување на француските филмски награди „Лимиер“.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.