Холивудскиот актер Џон Траволта на својот инстаграм профил се огласи со поддршка откако беше објавено дека Брус Вилис боледува од афазија.

„Брус и јас станавме добри пријатели на снимањето на нашите два хит филмови „Pulp Fiction“ и „Look Who`s Talking“. Години подоцна тој ми рече: „Џон, сакам да знаеш дека кога ќе ти се случи нешто добро, се чувствувам како да ми се случува мене. Ете толку благородна душа е тој. Те сакам, Брус“, напиша Траволта во описот на неколкуте заеднички фотографии кои ги сподели на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.