Холивудскиот актер Брус Вилис неодамна беше снимен од папараците дур се вози како ги гледа минувачите на улица.

По долго време актерот е виден во јавност, а ова е едно од ретките излегувања откако му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

Камерата го „уловила“ додека се возел низ Лос Анџелес со пријател, а тој цел пат ги гледал минувачите. На фотографијата се гледа дека актерот изгледа многу постар и поуморен. Тој седел на совозачкото место и бил облечен во спортска облека, со капа на главата.

Потсетуваме, минатата година семејството на познатиот актер објави дека на Вилис му била дијагностицирана афазија, состојба која ја попречува способноста за зборување и пишување и дека се повлекува од актерството.

Foto: Profimedia

Неколку месеци подоцна добил друга дијагноза и било утврдено дека боледува од таканаречена фронтотемпорална деменција, која е резултат на наследни или спонтани нарушувања кои предизвикуваат влошување на фронталниот, а понекогаш и темпоралниот лобус на мозокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.