Британската академија за филмска и телевизиска уметност ја одржа церемонијата на доделувањето на филмските награди БАФТА во Лондон. Најмногу пофалби доби одличниот научно-фантастичен филм „Dune“, но главната награда му припадна на готскиот вестерн „The Power of the Dog“.

Наградите за најдобар филм и најдобра режија ги доби „The Power of the Dog“ кој имаше осум номинации.

Очекувано, „Dune“, кој до наградата дојде со дури 11 номинации, доминираше во категориите, а освои вкупно пет награди, меѓу кои и оние за кинематографија, специјални визуелни ефекти, звук, оригинална партитура и продукциски дизајн.

Две победи и припаднаа на „CODA“ – за најдобра споредна машка улога (Трој Коцур) и најдобро оригинално сценарио, а потоа следуваат „West Side Story“ за споредна женска улога (Аријана ДеБоуз) и Кастинг. Другите категории му припаднаа на Вил Смит за главниот актер во „Кралот Ричард“ и во, според „The Hollywood reporter“, можеби најнеочекуваниот резултат на вечерта, на Џоана Сканлан за „After Love“.

Водителка на церемонијата беше австралиската актерка и комичар Ребел Вилсон, која во еден момент му покажа среден прст на рускиот претседател Владимир Путин. За време на церемонијата се разговараше за војната во Украина, а некои номинирани уметници носеа панделки и беџови во сина и жолта боја.

Најдобар филм: The Power of the Dog – победник
Главна актерка: Џоана Сканлан за After Love
Режисер: Алем Кан за After Love
Главен актер: Вил Смит, Кинг Ричард
Анимиран филм: Фли Лука за Flee Luca The Mitchells Vs The Machines
Документарен филм: Becoming Cousteau Cow Flee The Rescue



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.