Американскиот актер Џереми Ренер е во критична, но стабилна состојба по несреќата што се случи на 1 јануари наутро пред неговиот дом во Рино, Невада. Според американските медиуми, тој беше тешко повреден чистејќи го својот двор од снегот, кога бил прегазен од возилото за чистење снег.
View this post on Instagram
Педесет и едногодишниот Ренер со хеликоптер бил префрлен во болница, а според ТМЗ прво му помогнал еден од соседите, кој е лекар. Тој се здобил со повреди на градниот кош и со ортопедски повреди и сè уште е на интензивна нега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.