Друштвото на филмските работници објавува повик за пријавување на продукциите кои ги имаат завршено своите филмски проекти и би можеле да потврдат дека ги исполнуваат (или ќе ги исполнат) критериумите зададени од страна на Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, со цел кандидирање на национален претставник за наградата – ОСКАР за најдобар интернационален филм.

Сите заинтересирани продукции, можат да го пријават својот филм најдоцна до 12ти август 2024 година на официјалниот маил на ДФРМ: [email protected]



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.