Во рамките на „Денови на шпански филм“ во Кинотека може да се погледнатшпански филмови со различно време на создавање, од различни автори, со различни естетски колорити. Неколку денови од втората половина на ноември се издвоени за филмовите од авторите кои се од Пиринејскиот полуостров.

20 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

ЏИНОТ
(Handia / The Giant)
Игран филм, Шпанија
2017, 114 мин., колор, ДЦП
Режија: Аитор Ареги, Јон Гарањо, Хозе Мари Гоенага (Aitor Arregi, Jon Garaño)
Сценарио: Карлос Саура (Aitor Arregi, Jon Garaño, Jose Mari Goenaga)
Улоги: Хосеба Усабијага, Енеко Сагардој, Ињиго Аранбуру, Рамон Агире, Аја Крузе (Joseba Usabiaga, Eneko Sagardoy, Iñigo Aranburu, Ramón Agirre, Aia Kruse)

Откако ќе биде ранет за време на отслужување на воениот рок, Мартин се враќа во своето родно село Алцо во Баскискиот регион на Шпанија. Таму открива дека неговиот помлад брат Хоакин израснал во вистински џин и во таа негова аномалија тој гледа извор на заработувачка. Двајцата браќа ќе тргнат на турнеја низ Европа и секаде онаму кадешто можат да заработат од необичноста на „џинот“. Мартин се надева дека ќе собере доволно пари за да замине во Америка, а Хоакин сака со парите да ја откупи семејната фарма и да се врати во родното село. Расте несогласувањето помеѓу нив, како што се влошува и здравјето на Хоакин, дијагностициран со „гигантизам“ од страна на европските доктори.

Сценариото е базирано на вистински настани и личности, а во филмот се говори на баскиски и шпански јазик. Во 2018 година ЏИНОТ освоил повеќе награди „Гоја“ (за сценарио, камера, монтажа, најдобар актер, итн.) и ја добил посебната награда на жирито на филмскиот фестивал во Сан Себастијан во 2017 година.

Возрасна категорија: 16 години
Влез бесплатен

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.