ШТО АКО НАВИСТИНА ПОСТОИ СОВРШЕНИОТ МАЖ?
ГЕРМАНСКА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА „ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА“ ДЕНЕС ВО КИНАТА
Човек кој внимава, подготвува вечера, па ги мие садовите, го исполнува секој, дури и најмал каприц, зарем тоа не е човекот од соништата? 93% од германците би се согласиле со тоа, но што е со останатите 7%?
Филмот „Ich bin dein Mensch / I’m Your Man“ се занимава токму со оваа тема. Премиерно беше прикажан на овогодинешното Берлинале, со Марен Егерт, која ја игра научничката Алма, добитничка на наградата Сребрена мечка за најдобра женска улога. Оваа шокантна германска романтична комедија од денес е на големото платно на домашните кина.
За да ги финансира студиите, научничката се согласува да учествува во необичен експеримент: три недели треба да живее со робот сличен на човек кој би требало да ја направи среќна. Режисер на оваа продукција е Марија Шрадер, германска актерка, режисерка и продуцентка која за својот филм изјави: „Режирањето на комедија е навистина забавно. Приказната започнува со состанок на слепо, имаш старомоден бал, каде се среќаваат двајца, а не знаеш кој е почуден. Алма знае со кого ќе се сретне, па подготви цела низа прашања, тој е програмиран да флертува. Бизарна мешавина на наивност и романса“.
Можеби ова е приказна за идните љубови, а можеби и критика на потрагата по совршенство, што, на крајот на денот, не е многу возбудливо. Во улогата на хуманоидниот робот Том, беше актерот Ден Стивенс („Downton Abbey“, „Beauty and the Beast“) кој портретираше шармантен, духовит и беспрекорен робот кој го направи по мерка на Алма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.