Во знак на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов, вчера во Кинотека стартуваше Флипбук филм фестивал, културен настан којшто веќе четири години по ред го воздигнува анимираниот филм на едно повисоко ниво.
Токму овој македонски поет од чие перо се испишани некои од најдобрите стихови на ова тло, беше инспирација за создавањето на четири анимирани омнибус филмови во режија на Жарко Иванов („Долго доаѓање на огнот”), Крсте Господиновски („Грозомор”),Иван Ивановски („Небиднина”) и Владимир Лукаш („Во сонот на црната жена”).
Анимацијата и поезијата совршено се испреплетија креирајќи оригинална филмска уметност.
Првата вечер беа прикажани вкупно 14 кратки филмови, а во следните три дена посетителите ќе имаат можност да уживаат во уште 100-на анимирани записи во четири натпреварувачки програми.
Во главната селекција за најдобар анимиран филм ќе се натпреваруваат 14 наслови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.