Деми Мур е во постојан контакт со Брус и неговата сопруга. Ја користи секоја можност да минува време со него. Ако не е таму, се јавува на телефон само за Брус да го слушне нејзиниот глас. Брус не зборува многу и изгледа како да не разбира голем дел од она што му го кажуваат другите“, открива извор близок до актерот.

По лошите вести за дијагнозата со деменција на Брус Вилис, извор близок до актерот вели дека неговото семејство тешко се справува со ситуацијата.

Изворот вели и дека во овој тежок период, неговата сопруга Ема уште повеќе се зближила со Деми Мур која постојано ѝ помагала.

Наводно, актерот уште го препознава гласот на бившата сопруга Деми Мур, па таа постојано разговарала со него.

Иако на моменти Брус немал допир со реалноста, некогаш сепак бил свесен и сакал да биде присутен кога неговата ќерка ќе се породи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.