Продолжението на хит филмот Top Gun со Том Круз во главната улога минатата година ги собори рекордите на бокс офисот со заработка од 1,4 милијарди долари, а оваа година ја добиваме таканаречената кинеска верзија на Top Gun, наречена Born to Fly.

Variety наведува дека Born to Fly е одговорот на Кина на холивудскиот Top Gun, и ако трејлерот е нешто што може да се следи, филмот има огромна сличност со американската верзија. Филмот го следи Леиј и елитните пилоти кои минуваат низ ригорозни тренинзи за да станат најдобри во својата работа. Нив ги предводи искусниот командант Џанг, а имаат задача да ги тестираат најмодерните борбени авиони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.