Мрежата Edu Cuts, како дел од проектот „Култура и креативнст на Западен Балкан“ објави повик за учество на млади филмски ентузијасти на програмата Prishtina Kino Kabaret која ќе биде дел од 16. издание на фестивалот PriFest – International Prishtina Film Fest што ќе се одржи од 10 до 15 сптември во Приштина, Косово.
Како што информираат организаторите, овој настан на учесниците ќе им понуди интензивно филмско искуство преку креативни аудиовизуелни работилници и кратки филмски проекти.
„Работилницата што ќе се реализира за време на фестивалот (10 до 15 септември 2024), ќе вклучува едукација, креативност и интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои имаат заеднички интерес за аудиовизуелната и филмската уметност, заедно со подготвеноста за тимска работа под надзор на ментори“, додаваат оттаму.
На повикот можат да се пријават сите млади кои се на возраст од 15 д 25 години, се државјани на земјите од Западен Балкан (Косово, Албанија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) и активно да зборуваат англиски јазик.
Повеќе детали може да најдете ТУКА.
Заинтересираните може да се пријават ТУКА.
Мрежата Edu Cuts на едно место обединува филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на млади таленти. Проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs), финансиран од Европската Унија , има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.
Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs)“ е поддржан од British Council.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.