Кинотека во соработка партнерите кои се дел од проектот „… и Акција! “ во рамките на „Еразмус +“ програмата изработија веб-платформа насловена Andactionproject.eu која е достапна е за сите граѓани. Оваа платформа нуди обука за креирање видеосодржини за наставни цели. Секој граѓанин кој е заинтересиран за оваа обука може да се регистрира на платформата и да ја заврши обуката. Платформата е на македонски јазик и е достапна на следниов линк: https://andactionproject.eu/mk/

Како завршна фаза и продукт од овој проект, веб-платформата за проектот „ …и Акција!“ веќе може да се користи на англиски и македонски јазик, а за многу кратко време ќе биде целосно подготвена на сите шест јазични верзии – македонски, англиски, шпански, словенски, српски и бугарски јазик.

На платформата е достапна и методологијата на овој проект, а во неа се содржи целосното истражување кое се направи во рамките на проектот, а чија цел беше да се истражи потребата од креирање видеосодржини за едукативни цели. Методологијата на македонски јазик може да се преземе на следниот линк : https://andactionproject.eu/mk/metodologija-mk/

Кинотека подржана од Европска Унија, во рамките на ЕРАСМУС + програмата, е носител на овој проект наречен …и Акција! Партнери во проектот се: EDC EKSEDRA, Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг Мој Град (Србија), Asociación Extremundo (Шпанија) и Zdruzenie tradicii obrazovanie historija I kultura (Бугарија).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.