Британскиот актер, Том Вилкинсон, ѕвездата на комедијата „До гола кожа“ (The Full Monty) кој двапати беше номиниран за Оскар, ненадејно починал на 75 години. Вилкинсон ја освои наградата Бафта за „До гола кожа“ од 1997 и 26 години подоцна ја повтори улогата на Џералд во серијата на „Дизни+“.
Тој исто така беше номиниран за Оскар за „Во стапица“ (In the Bedroom) во 2002 и за „Мајкл Клејтон“ во 2008, а освои Еми за улогата на Бенџамин Френклин во минисеријата „Џон Адамс“.
Семејството на Вилкинсон објави дека тој починал дома, без да изнесе повеќе детали.
Со повеќе од 130 филмски и телевизиски улоги во кариерата, Вилкинсон одлично се снаоѓаше во разни жанрови, од историски драми преку комедии до акциони филмови.
Роден во Лидс, Вилкинсон влегол во театарскиот свет на 18-годишна возраст, по што се обучувал на Кралската академија за драмски уметности. Првата голема улога на телевизија ја добил во 1986 година.
Во 1997 ја доби улогата на својот живот, на поранешен надзорник во фабрика кој им се придружува на свои невработени колеги во стриптиз шоу во „До гола кожа“. Нискобуџетниот филм стана британски филм со најголема заработка во тој момент, а на Вилкинсон му ги отвори и вратите на Холивуд, глумејќи во низа блокбастери и фалени филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.