Австралискиот актер Питер Харди почина на 67-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.
Како што објавија локалните медиуми, Харди се удавил на плажа во Западна Австралија, а неговото безживотно тело било извлечено од водата на Саут Бич во Фремантл околу 10 часот наутро во четвртокот на 16 март.
Случајните минувачи се обидувале да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, но за жал, безуспешно.
Непосредно пред трагедијата, тој на социјалните мрежи објави фотографија од плажа: „Повеќе причини да бидете радосни“.
Питер Харди беше најпознат по улогата во легендарните серии „Ќерките на МекКлауд“, „Соседи“ и филмот „Чопер“.
Роден е во Перт, но долги години живеел во Лондон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.