Анџелина Џоли ќе ја глуми култната оперска дива Марија Калас.

Во својата изјава Џоли вели дека улогата ја сфаќа многу сериозно.

Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот, вели Џоли откако беше објавено дека ја добила улогата.

Уметницата која ќе ја глуми Џоли беше позната по неверојатниот распон на гласот на сцена, како и по турбулентниот љубовен живот кој вклучува и романса со грчкиот поморски магнат Аристотел Оназис, кој потоа се ожени со Џеки Кенеди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.