ОКО e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации, и за маалски креативни дружења на која учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост, и преку практична работа да осмислат и креираат кратки филмски етиди.

ОКО 4

Аматерска филмска работилница
со режисерката Марија Џиџева

10 – 12 јуни | 11.00 часот

Концептот на работилницата е формирање на екипи составени од два члена (пензионер/ка и ученик/ка), и преку заедничко  учење, гледање филмови, разговори и  дружење, секоја екипа да создаде своја филмска приказна, инспирирана од семејните албуми, од соочувањата со генерациски јазови, или од секојдневните современи предизвици.

Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од Маалскиот фестивал на КСП Центар-Јадро, со заедничко учество на сите учесници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.