Погребот на иконата на француската кинематографија Ален Делон, кој почина во неделата на 88-годишна возраст, ќе се одржи в сабота на неговиот имот, пишува агенцијата „Франс прес“.
Погребот е закажан за 17 часот во Души-Монкорбон, мало гратче во централна Франција каде го мина последниот дел од својот живот и каде почина.
Церемонијата ќе ја предводи монсињор Жан-Мишел Ди Фалко, поранешен епископ на Гап кој лично се познаваше Делон.
Актерот сакал да биде погребан на својот имот, во близина на неговите кучиња, за што морал да добие дозвола од властите. Побарал и збогувањето да се одржи во присуство на само неколку десетина членови на семејството, без национални почести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.