Актерот Мозес Џеј Мозли, најпознат по улогата во серијата „Живи мртовци“ („The Walking Dead“), беше пронајден мртов во Стокбриџ, Џорџија. Како што пренесува „ти-ем-зи“, 31-годишниот актер бил пронајден со прострелна рана, а околностите за неговата смрт сè уште се истражуваат.

Неговите блиски рекоа дека не биле во контакт со актерот од 23 јануари, а во средата го пријавиле неговото исчезнување во полиција.

Сите кои го познаваа го сакаа. Мозес беше неверојатна личност. Тој беше многу талентиран, одличен пријател. Секогаш беше возбуден за работата и животот воопшто,  вели менаџерот на актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Moses J.Moseley (@mosesmoseley)

Мозес е најпознат по улогата на Мајк во серијата „The Walking Dead“, во која настапуваше од 2012 до 2015 година. Имаше гостување во ТВ емисиите „Queen of the South“ и „Watchmen“, а се појави и во филмот „Volumes of Blood: Horror Stories“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.