Актерот Кенет Чанг , кој е најпознат по улогата во „Џејмс Бонд“, трагично починал на 86-годишна возраст.
Холивудската ѕвезда починала во карантин во хотел во Хонг Конг, пренесува „Mirror“.
Кенет глумеше во холивудските блокбастери, вклучувајќи ги „Rush Hour 2“ со Џеки Чен и криминалната драма „The Replacement Killers“, но беше најпознат по неговата улога во „Die another day“. Тој го играше генералот Мун во шпионскиот трилер од 2002. година, заедно со Пирс Броснан во неговото четврто и последно појавување како агентот 007.

Кенет бил во задолжителен карантин во хотелот „Ковлун“ откако се вратил од Сингапур во понеделникот.
Актерот денеска бил пронајден во бессознание од персоналот, а по обидот за реанимација можел само да биде прогласена за мртов, пренесува „”South China Morning Post“.
Изворот вели дека е констатирана смрт на лице место, иако во вторникот бил негативен на тестот за ковид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.