Американскиот актер Џереми Ли Ренер е во критична но стабилна состојба, откако се повредил расчистувајќи го снегот со машина, објави во понеделникот списанието Variety.

Познатиот 51-годишен актер, номиниран за Оскар, го чистел снегот на својот имот во округот Вошо, во североисточниот дел од американската сојузна држава Невада. Во оваа област на новогодишната ноќ наврнало големо количество снег.

Главниот протагонист на акцискиот хит „Борновото наследство“ на Instagram неодамна објави снимка на која се гледа како управува теренец по снежно време.

Ренер глумеше во повеќе филмски проекти на „Marvel“ и во бројни комерцијални хитови, вклучително и два филма од серијалот „Невозможна мисија“, „Доаѓање“, „Американски измамници“ и „28 седмици подоцна“.

Исто така, беше номиниран за два Оскара, вклучително и номинацијата за споредна улога за филмот „Градот на крадците“ и номинацијата за најдобар актер во филмот „Наредникот Џејмс“.

Моментално настапува во трилер серијата а Тејлор Шеридан „Mayor of Kingstown“, чијашто втора сезона ќе започне во јануари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeremy Renner (@jeremyrenner)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.