„Преку езерото”  – што беше идеја на филмскиот режисер Јани Бојаџи, пред само три години веќе прераснува во етаблиран фестивал на балкански и медитерански филм . Покрај Дојранското езеро и под звезденото небо ќе има проекции на пет долгометражни филмови од кои 4 играни и еден долгометражен документарен. Филмскиот фестивал кој е единствен од ваков тип во Македонија нуди одлична програма за сечиј вкус и може да го задржи сечие внимание. Годинава „Преку езерото“  има регионализација и со своја програма во Гевгелија, Валандово и во Богданци.

Поразлично од досега, со „СТЕЛА“ и проекција на кратки филмови за деца и млади синхронизирани на македонски јазик, фестивалот почнува од вечерва од 20:00 часот во Детски парк во Стар Дојран.

Утревечер според предвиденото има студентска програма но истовремено ќе се прикаже и видео омаж од филмови на ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ под отворено небо во Амфитеатаротна брегот на Дојранското езеро.

В петок од 20 часот е закажано и официјалното отворање, кога и за прв пат од одржувањето на фестивалот ќе се додели специјалната награда во филмската индустрија „Мето Јовановски” а ќе има и проекција на последниот негов филм.
„Руски конзул“. Потоа ќе следува проекција на македонскиот филм „Параноик” и францускиот „И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ” .

Сабота на 10 август исто така публиката ќе ужива во најдобрите филмови од селекцијата. Ќе бидат прикажани еден македонски филм “ДАЛИ СИ МАЖ“,израелскиот – СРЕБРЕН БУНТ, по еден хрватски и грчки филм човекот КОЈ НЕМОЖЕМЕ ДА МОЛЧИ и ТИШИНА 16-9. Проекција ќе има и на два филма од Франција: ВОЛКОТ И МАЧКАТА и БАЛАДА .

Недела е и последната вечер, кога ќе имаат прикажан филмот ЅВЕЗДЕНА од соседна Србија, ХОТЕЛ ПУЛА од Хрватска , ПОДРУМ од Турција, португалскиот филм ЛОШО НА МОМЕНТ и францускиот ЗАРАЗЕНИ.На свеченото затворање на фестивалот ќе бидат доделени фестивалските награди како и грантовите за дипломски студенски филмови.

Конечно, идејата на организаторите веќе трета година по ред е фестивалот да се одржува во Дојран, покрај брегот на езерото, а од година во година веќе изгради репутација на врвно културно случување не само во Македонија, туку и во земјите од регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.