„Партизанска штампа“, „Гола Планина Колектив“ и „БОШ Фестивал“ во сабота (16 март) организираат ново издание на „ФИЈУК саем“.

„Брзо како куршум (од зад грб) ја најавуваме следната територија за нашето заседание, чија цел е секако водење на сетилата кон нивните високи страсти. Овој пат ни е домаќин Музејот на Македонија, каде пристигаме со заштрашувачка количина на независно издаваштво – меѓу најпотентните помагала доколку целите кон сéнародно ослободување на срцатa, душите, и пред сé либидото“, велат организаторите.

Во склоп на саемот ќе биде изложбата „Осетливи Ткива“ на Васил Тасевски, како и музичката програма со Голо-планински Етно Џем и музички луп перформанс од Дарфа и Лепи Џони.

„Се гледаме на дневна светлина, во сабота (16.03) од 12 до 17 часот“, се вели во најавата.

Како учесници на заемот засега се вклучени Matrijarsija, Longest Night, Shock Troopers, Арт Еквилибриум, Тома Димовски, Shock Troopers, Васил Тасевски, Партизанска штампа, СловоКулт, Јелена Белиќ, АШ, Матеј Богдановски, 5060, Гола Планина Колектив, Кула Колектив, Шарла Рекордс, Boiling Point (Kran Records), Лусиана Ампева, Издавачка куќа „Илика“, Марта Патлиџанковска, Тања Вукобрат, Дона Илијевска, Пондер, Стефан Алијевиќ, Кања, Аксиома, Јулија Ојден, Никола Јовановиќ, Владимир Благојевиќ – Владодлак и Ивица Грковски, @greenhickup, @mmmarkovik, @avraam.ivan, @atancovsky, @sho.kev.

Автор на плакатот е Марко Печеновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.