Фантастичен концерт на „Црвена јабука“ во Охрид и еден убав настан кој не потсети на старата добра музика, како и на хитовите кои оставија белег на своето време.

Неколкуилјадната публика во преполниот Антички театар уживаше од почеток до крај. Гледалиштето беше полно и на трибините и на партерот. После којзнае колку време Жера со својот бенд се врати во Охрид, а охриѓани и сите оние кои беа присутни, се движеа со рокенрол звуците на “Ima nešto od srca do srca”, “Tamo gdje ljubav počinje”, “Sanjam te”, “To mi radi”, “Nekako s proljeća” и уште многу стари, нови и безвременски хитови.

Пораката во песните на „Црвена јабука“ е топла и едноставна, тие зборуваат за љубовта и за животот во 1980-тите во Сараево и во поранешна Југославија по кој Жера вели дека искрено жали. Токму затоа, оние кои им биле фанови како тинејџери беа во првите редови, а имаше и помладата публика. На концертот беше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков со пријатели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.