После објавувањето на песната ,,Друго’’, Ивона Јо на македонската јавност и подари уште едно музичко парче. ,,Тие очи’’ е насловот на новата песна, која е втор сингл на Ивона за оваа година.
Песна која со сигурност ќе стане голем хит, со оглед на тоа што веќе има илјадници прегледи на Јутјуб. Ова е модерна поп-песна со побрз ритам, соодветна за топлите летни денови.
Пресреќна сум што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас. Знам дека со секоја песна сум чекор поблиску до вашите срца’’ – вели Ивона.
,,Тие очи’’ добија и видео спот кој е под режисерската палка на Мартин Трајановски, снимен во Охрид, со Стефан Биков, а како изненадување зад текстот се потпишува Тамара Волческа – девојката која дефинитивно ги пишува најубавите текстови. Музиката е на Zox, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.
,,Тие очи ми го осветлија патот. Тие очи ме милуваа секогаш кога немав ништо за себе. Тие очи ме направија сакана. Тие очи ме сакаа. Пронајди ги и милувај ги “твоите очи” – додава Ивона.
Видео спотот за песната веќе е достапен на Јутјуб, а песната вирално се споделува на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.