На 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски Џаро, попознат како „кралот на фудбалот“.
Популарниот Џаро беше апсолутен крал на фудбалските местење, а и покрај тоа го обожаваа сите што го познаваа.
Неговата смрт погоди многу членови на естрадата, а Жељко Самарџиќ и Рибља Чорба беа меѓу првите кои се огласија на официјалната страница на Фејсбук.
Ми беше задоволство да те познавам и да работам со тебе. Збогум легендо на Балканот – рече Самарџиќ.
Заедно со фотографијата на Велибор, од легендата се прости и групата „Рибља Чорба“.
Замина нашиот голем пријател, најимагинативниот измамник, единствениот Велибор Џаровски Џаро. Не изневери, но тоа го направи толку шармантно и духовито што никој не можеше да му се налути. Патувај драг Џаро и мами ги ѕвездите на небото – напишаа на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.