Жељко Бебек и неговата сопруга Ружица се запознале пред 25 години. Таа тогаш имала 18, а музичарот 52. Како што раскажуваат во интервју за магазинот ИН, разликата во години не била пречка да изградат хармоничен брак.

Денес 77-годишниот Бебек вели дека кога Ружица влегла во неговиот живот, променила сè. Таа, пак, вели дека тој на некој начин ја формирал неа како личност, бидејќи била многу млада.

По неколку дружби, сфатиле дека си одговараат.

Без разлика што таа беше млада и уште немаше завршено факултет, а јас искусен волк во рокенролот, беше јасно дека омекнав доволно за да почнам да го гледам животот поинаку, објасни тој пред камерите.

Според Ружица уште на нивната прва средба се почувствувала искра.

Таа е таа, да ја сретнев кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години, но тогаш не ја сретнав тогаш. Кога таа се роди ние ја објавивме „Битанга и принцеза“. Некаде во некои повисоки сфери било одлучено дека ние ќе се сретнеме, вели тој.

Сепак, на самиот почеток на нивната врска многумина не веруваа дека таа ќе потрае.

Сите ни предвидуваа дека „ќе трае месец, два, три, па ќе пукне, секако дека ќе пукне“, но ние бевме посилни од тие гласини. Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, кога сè уште се слушавме на телефон, ми се јавуваше дома или ми праќаше разгледница од пат. Тоа беа долги телефонски разговори, а по некое време сфативме дека ни е убаво. И денес, по нашите 25 години заедно, насловите во весниците се: „Жељко Бебек и неговата 34 години помлада сопруга“. Па јас сум со него 25 години, не два месеци па да е бомбастично „34 години помлада“. Со него сум 25 години, возраста е само бројка, вели Ружица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.