Јас си живеам супер стерилно, не сакам да се експонирам многу многу, и не сакам да ми се меша никој во приватноста, вели Раде Врчаковски – Врчак во интервју за „Женски магазин“, каде зборува што правел сите ове години.
Мајка ми ми вели „многу си убав сине, чувај се, ќе те урочи некој”, јас се смеам на ова ама вистина е дека поубаво е помирно да си живее човек и затоа приватноста си ја делам само со сите најблиски. Во целосниот вовед на новата песна, кој трае речиси два часа, раскажувам и за сè приватно а интересно што се случуваше во изминатите години, и сè на што работев. Премногу нови работи, меѓу кои се следниве: Во државата ни се случија најголемите научни откритија во историјата на планетата велат луѓе, сè во поле на физиката и асторфизиката. Научни откритија кои поминаакако точни на сите професорски ревизорни комисии и беа објавени на единаесетата Меѓународна Научна Конвеција за меѓународни научни трудови при Европскиот Фкаултет во Скопје. Сè поврзано со научните откритија е со поголема вредност од што може човек да сонува, во ова ќе се увери секој човек во иднина. Сè ова е мое дело. Ќе излезе и книга на оваа тема во Америка, книгата е со наслов I LOVE YOU BABY, а научните откритија се дел од книгата. Направив и скратена ebook верзија од книгата која е сега за сега само за кај нас во државата, и може секој да ја најде на www.iloveyoubabybook.com. На англиски е книгата затоа што е американска.
Јас сум супер активен цело време и како мравка вредно работам. Пред да се случи сè со научните откритија, студирав и добив диплома од Беркли во Америка за професионална музичка продукција, во Америка завршив и средно пред да почнам со студиите на Медицинскиот факултет кај на.Брат ми заврши одличен светски познат факултет за компјутерски науки и со години живее и работи во Америка, Американец е пратично, живее во самиот центар на Њујорк, а и мене сè ме влече да си работам во Америка.
Америка ми е во срцето како „мелтинг-пот“ на љубов од културите низ целиот свет, Америкаците како нација се луѓе кои посакуваат најубава иднина на сите луѓе на целата планета. Америка ме асоцира на здрав живот и љубов. Во Америка супер актелни се сите теми против глобалното затоплување, против ропства на животичња, јас речиси цел живот имам вегетаријански начин на исхрана кој е и медицински докажано најздрав за телото и јас сум против било какви ропства кој се прават на животичиња, а херој ме направија на оваа тема кај нас oд најголемата организација која се грижи да нема ропства на планетата, и ми дадоа многу љубов и елан и од срце им помагам и ќе им помагам и кај нас и во Америка.
Паралено со сѐ ова, во прегратка на најголемата љубов, снимавме и албум во Америка со продуцентот на Бруно Марс во Парамаунт, вo Холивуд, со одлични артисти од Лос Анџелес. Америкаците се воодушевени од песните и велат дека албумот одлично ќе помине во Америка. Држете ни среќа, ако успееме со албумот во Америка, ќе успееме дојдеме до внимание низ целата планета, да имаме поубав, подолг, поздрав живот и поубава иднина на планетата земја. Секој тоа го посакува.
Јас сум си ненадминлив гениј на свој начин, додека сутудрав на Беркли имавме еден студиски предмет целосно поврзан со технологиите во музичката продуцијата, и од огромното лично мое искуство на овие теми, дојдов до начини за прочистување на аудио и видео сигналите, со кој се зголемуваа квалитетот, а истовремено значително се штеди енегија во домовите на милијарди луѓе низ целата планета, со што се намалува и глобалното затоплување. Држете ни среќа да успееме во Амрика и да го споделиме ова низ цел свет. Во воведот на новата песна која излезе кај нас пред новата 2023 година раскажав сè на оваа тема, и приложени физички примери, а и раскажав сèи за научните открија, како се случија, и ги објаснив, и раскажав сè подлабоко и детално за американскиот албум кој го снимавме во Америка, со продуцентот на Бруно Марс и Џејсон Деруло, и како се случи, итн. Секој човек може да чуе се во целосниот вовед на новата песна.
Целото интервју тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.