Познатите актери и музичари ја предизвикуваат јавноста да покажува огромен интерес за секој детаљ од нивните животи, особено за нивниот љубовен статус и сексуален живот.

Тие теми, за дел од светските ѕвезди се табу тема, но има и такви што отворено зборуваат за своите сексуални „подвизи“ и не ги кријат ни своите „најголеми тајни“.

Ова се три познати парови кои отворено откриваат детали од својот сексуелн живот.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Кога имате три деца, мора да ги користите шансите во моментот кога ви се нудат. Во лимузина, на пат кон Оскарите, Вил почна да ме гледа на начин кој ме излудува.

Почнавме да се бакнуваме страсно, и следно… ајде само да кажеме дека го пропуштивме црвениот тепих, а јас останав речиси без шминка“, откри Џејда во 2019.

Никол Кидман и Кит Урбан

Никогаш не си праќаме пораки, ниту мејлови, само се слушаме по телефон кога не сме заедно.

Можеби си праќаме само една порака. Еден кул тип на порака годишно… знаете, од оние што содржат фотографија“.

Ваков срамежлив настап имаше Кит Урбан во гостување во шоуто кај Елен, признавајќи дека си разменуваат голи фотки со саканата.

Криси Тајген и Џон Леџенд

Не сме тотално откачени, но ајде да кажеме дека сме отворени за различни работи. Сосема сме во ред со нежности во јавност.

Кога одиме во ресторан, тој обожава кога носам фустан, за да може да ме допира во горниот дел на бутовите“, раскажа моделот за „Космополитан“ во 2014

Таа откри и кое е најлудото место на кое имале секс.

Одевме кон Тајланд да ги видиме моите родители, летавме со комерцијален лет во прва класа. Бевме под ќебе… мислам дека треба да добиеме трофеј за тоа“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.