Францускиот актер Венсан Касел и фотомоделот Тина Кунаки се разделуваат по пет години брак.  Со тоа се потврдуваат шпекулациите што изминативе неколку месеци се ширеа за нивен неизбежен развод.

Тие раскинаа пред неколку недели. На Тина ѝ е скршено срцето“, потврдил неименуван извор за „Дејли мејл“.

Касел и Кунаки се венчаа 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска. Тина е успешен фотомодел и е 30 години помлада од глумецот, а имаше епизодна улога во ТВ-серијата „Доверба“ (Trust) од 2018 година.

Последните наводи говорат дека Касел ги избришал сите фотографии од сопругата на својот Инстаграм-профил, како и многубројните текстуални објави посветени на Тина.

Претхподно, Венсан Касел беше во брак со познатата глумица Моника Белучи, со која се разведе во 2013 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.