Здравко Чолиќ, еден од најпознатите пејачи од поранешна Југославија, купил стан во Пула, пишува Istarski.hr.
Чолиќ купи стан во Марина Веруда, во една од зградите кои моментално се градат како дел од атрактивен и скап проект лоциран на границата меѓу пристаништето и Пјешчана Увала.
Станува збор за пет згради лоцирани на ридот над пристаништето што се надвива над заливот и од кои, дури и од долните катови, се гледа погледот на чамците, хотелот, Веруда Порат, Верудела, Пјешчана Увала, Фратарски оток.. .
Тоа е еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во последно време. Предвидена е изградба на околу 150 станови распоредени во пет згради, а работите се уште се во почетна фаза.
Цената на становите во овие згради е околу 5.500 евра за метар квадратен, а имајќи предвид дека во понуда има и големи, од над 100 метри квадратни и со големи тераси од кои погледот ќе се протега далеку кон морето и околината, не е исклучено крајните износи во некои случаи и над половина милион евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.