Разводот на една од најубавите жени во светот, Жизел Бундшен, последниве неколку дена е главна тема на сите познати медиуми. Славната манекенка решила да стави точка на својот брак со американскиот фудбалер Том Брејди по жестоката караница, бидејќи спортистот одлучил да ја прекине пензијата и да продолжи да игра фудбал.
Сепак, сега во јавноста се открија нови детали дека Жизел му е лута и поради сексуалната апстиненција.
Имено, Брејди држел одреден вид диета за да биде што подобар на теренот, а таа диета подразбира и апстинирање од сексуални односи 72 часа пред самиот натпревар.
Тој брак дефинитивно се распаѓа. Жизел јасно кажа дека сака повеќе акција од својот сопруг. Тој апстинира и тоа ја полудува! Продолжувањето на кариерата и слабата активност во спалната соба ги доведоа до оваа ситуација. Ѝ вети дека ќе се фокусира на семејството и бракот, но ја излажа. Сето тоа ја разочара Жизел, пишуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.